Ужас во Њујорк: Тинејџер застрелан на прославата на титулата на Никс (ВИДЕО)
Масовното собирање на стотици илјади навивачи во раните утрински часови прерасна во сериозни немири, во кои еден тинејџер бил застрелан, додека неколку автобуси биле целосно уништени. Како што славеничката маса на Менхетен растела, ситуацијата почнала да излегува од контрола. Во близина на „Тајмс Сквер“ одекнале истрели во кои бил ранет 17-годишник, а навивачите кои излегле од баровите и од јавните гледања на натпреварот влегле во судир со полицијата.
На мета на вандализмот се нашле и пет жолти училишни автобуси, кои претходно превезувале навивачи на натпреварите од Светското првенство. Сопственикот на Никс, Џејмс Долан, претчувствувал што би можело да се случи, па уште за време на прославата во Сан Антонио упатил апел до навивачите, прекинувајќи ја прес-конференцијата на бекот Џош Харт. Долан ги замолил своите сограѓани да бидат безбедни, да уживаат во големиот успех, но да не ги загрозуваат ниту себе ниту другите.
Сепак, њујоршката полиција потврди дека ситуацијата на Менхетен станувала сè подеструктивна, со голем број инциденти и неодговорно однесување на поединци за време на прославата на долгоочекуваната шампионска титула на Никс.