Џака бил лут на соиграчите: Ако играме вака, ќе си одиме дома по три натпревари!

Изгледа дека не е баш најдобра атмосферата во репрезентацијата на Швајцарија во пресрет на нивниот прв натпревар на Светското првенство против Катар.

Дуелот е закажан за вечерва од 21 часот, а последната проверка пред Катарците, Швајцарија ја имаше против Австралија во натпревар кој заврши без победник 1-1.

Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, по тој натпревар бил лут на своите соиграчи и ги критикувал, велејќе им дека мора да играат подобро.

„Не можеме да играме вака, затоа што во спротивно ќе си одиме дома по три натпревари. Мора да се разбудиме, тие 1-1 беа повик за будење за сите нас. Кога работиш напорно, тоа се гледа на теренот, а кај нас тоа на тренинзите оваа недела не беше случај“, порача Џака до соиграчите.

Швајцарија е во групата каде што се Босна и Херцеговина и Канада кои вчера ремизираа 1-1.