Германскиот ветеран воодушевен од Колашинац: Тоа што го направи е чудесно! (ВИДЕО)

Сеад Колашинац беше играч на натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, а неговата реакција во 53. минута, кога во последен момент спречи сигурен погодок, го обиколи светот и доби бројни пофалби. Една од нив пристигна и од прославениот германски ветеран Матс Хумелс.

Хумелс, кој беше избран во идеалниот тим на Светското првенство во 2014 година, кога Германија ја освои шампионската титула, ја пофали интервенцијата на Колашинац во моментот кога Ричи Лареја го совлада Никола Васиљ, но дефанзивецот на „Змејовите“ успеа во последен миг да ја исфрли топката пред гол-линијата, по што таа се одби од пречката и се врати во игра.

„Апсолутна светска класа, тоа што го направи е чудесно. Во девет од десет случаи ова завршува со гол, но тој реагираше на навистина извонреден начин“, изјави Хумелс, кој минатата година ја заврши својата професионална кариера.