Тенисерите преку Црна Гора до промоција во Втората светска група од Дејвис купот!
По поразот од домаќинот на отворањето, македонските тенисери врзаа три победи и денеска го комплетираа успехот со триумфот против Црна Гора со 2-1. Во четвртокот го совладаа Косово со 3-0, вчера беа подобри од Грузија со 2-0, а денеска го заклучија турнирот со уште еден добар настап.
Калин Ивановски го победи Кнежевиќ со 2-0 (6-2, 6-4) во првиот меч, потоа Проходко загуби од Јовановиќ со 0-2 (4-6, 5-7), па победникот се решаваше во двојки. Таму, Ивановски и Проходко буквално ги растурија Кривокапиќ и Јовановиќ со 2-0 (7-6, 6-2) за помалку од еден час игра за конечна победа на нашата селекција.