Почнува ракометниот спектакл во Келн: Четири екипи се борат за трофејот во ЛШ
Програмата денеска ќе ја отвори германското дерби меѓу Магдебург и Фуксе Берлин од 15 часот. Тоа ќе биде реприза на минатогодишното финале кое му припадна на Магдебург со 32-26, а оваа сезона ќе се обиде да ја продолжи доминацијата и да стигне до нов европски пехар.
По пресметката меѓу германските тимови следи дуел меѓу Барселона и Алборг од 18 часот. Најтрофејниот клуб ќе се судри на теренот во Келн со данскиот шампион во обид да избори уште едно финале и да се приближи кон неговиот 12. пехар во ЛШ.