Добри вести за Аргентина пред стартот на нивниот настап на СП!
Голманот, кој беше еден од хероите за освоениот трофеј во Катар, Емилијано Мартинез е фит и ќе брани на мечот против Алжир.
Во изминатите 24 часа врз Мартинез биле направени потребните тестови по кои добил зелено светло за настап на следниот меч.
Аргентина својот прв натпревар го игра на 17 јуни во 3 часот наутро.