Катастрофална грешка на одбраната на Јужна Африка, „падна“ првиот гол на СП (ВИДЕО)

Хулијан Кињонес е стрелец на првиот гол на 23. Светско фудбалско првенство кое почна вечерва со мечот меѓу Мексико и Јужна Африка.

Ко-домаќинот на Мундијалот поведе во деветтата минута и тоа по една огромна грешка на одбраната на противничката селекција.

Голема заслуга за водечкиот гол има Лира кој ја одзеде топката, Кињонес ја однесе и со шут низ нозе го совлада голманот Вилијамс.