Конор е легенда на УФЦ, билети за неговото враќање снемало по 240 секунди!

Конор Мекгрегор е вистинска легенда во УФЦ, а тоа уште еднаш се докажа по интересот на билети за неговото враќање во октагонот на 11 јули кога ќе се бори со Макс Холовеј.

Имено, по пуштањето на билетите во продажба сите биле распродадени за само 240 секунди и тоа зборува за популарноста на Ирецот кој нема победа веќе шест ипол години. 

Последната победа Конор ја забележа во јануари 2020 година кога го совлада Доналд Сероне, а потоа запиша два последователни порази од Дастин Пориер, последниот во јули 2021 година кога ја скрши ногата.

Од тогаш, 37-годишниот Конор не се борел, а многумина мислеа дека никогаш повеќе нема да го видат во октагонот. Распродажбата на билетите за 240 секунди е нов рекорд во УФЦ бидејќи такво нешто досега не се случило претходно.