Страшна сцена во Унгарија: Еден возач падна, друг го прегази! (ВИДЕО)

Еден од најталентираните млади шпански мотоциклисти, Максимо Килес, победи на трката Мото 3 за Големата награда на Унгарија, која се возеше на патеката Балатон Парк, а трката беше обележана со инцидент кој се случи пред крајот.

Во последниот круг додека петмина возачи водеа жестока битка за третата позиција, Давид Муњоз ја загуби контролата врз својот мотоцикл и падна на рамниот дел од патеката, без каков било контакт со друг натпреварувач.

Неколку моменти подоцна, во неговиот мотоцикл удри Брајан Уриарте, а Валентин Пероне, кој немаше доволно време да реагира, помина преку телото на Муњоз. Организаторите веднаш ја прекинаа трката, додека медицинските екипи интервенираа на местото на несреќата