Јани Атанасов пред преселба во Казахстан!

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов е на чекор до трансфер во казахстанскиот клуб Актобе, пренесуваат казахстанските медиуми.

Според информациите, 26-годишниот фудбалер од средниот ред треба да потпише договор на две и пол години.

Атанасов минатата сезона настапуваше за грчка Лариса, каде што одигра 35 натпревари, претходно настапуваше во Полска. 

„Доколку не дојде до неочекуван пресврт, македонскиот фудбалер во наредните денови ќе стане нов член на „црвено-белите““, стои во текстот за Атанасов