„Zero Waste“ и „Денот на Спортот“ пристигнуваат во Охрид

„Денот на спортот“ доаѓа во Охрид. Езерскиот град ќе биде домаќин на Плазма Спортските игри за млади кои за првпат се одржуваат во Македонија. Зборно место: Кеј Македонија (08.06.2026/понеделник), почеток во 10:00 часот.

На свеченото отворање, младите „симовци“ ќе ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Охрид, Дејан Пецаковски и директорката на мрежа експозитури на Шпаркасе Банка во Охрид, Билјана Вранишкоска.

Езерскиот град исто дава врвни спортисти, на „Денот на спорт“ ќе бидат присутни: Драган Бочески, поранешен фудбалер на Охрид, Вардар, Пелистер…и сегашен тренер во младинските категории ГФК Охрид Лихнидос. Боксерот Наум Стојаноски, кој е член на БК „Алексо Огненовски“ и македонски репрезентативец, како и капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, кој оваа сезона со својот тим го освои ЕХФ Европскиот Куп.

Охрид ќе биде и третиот град во кој ќе се одржи спортско-едукативниот проект „Zero Waste“- Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планетата, кој поради својот иновативен пристап кон учењето преку спорт, е популарен кај децата.

Zero Waste“ кој претходно се одржи во Прилеп и во Битола е уникатен проект, создаден со долгогодишниот партнер на Плазма Спортските игри за млади, Coca Cola, кој креативно ги едуцира младите луѓе преку игра и спорт, овозможувајќи им полесно и поприродно да усвојат корисни навики и да ги применат во секојдневниот живот. Едукативниот квиз ги охрабрува да размислуваат логично, да пронајдат причини и решенија за проблемите со одржлив развој, додека спортскиот дел е посветен на практично учење за сортирање на отпадот на полигонот СИМ.

Со оваа кампања, Coca Cola сака да придонесе за најпозитивно влијание врз животната средина и да понуди решенија за предизвиците поврзани со пакувањето, во согласност со повеќегодишниот проект Свет без отпад. По интерактивната едукација за заштита на животната средина, децата и младите се натпреваруваат на образовен полигон, а за најдобрите има награди.

„Симовци“ ќе се натпреваруваат во Coca Cola Cup 2011, фудбал 2015, ракомет, баскет 3х3, одбојка и народна.

Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Охрид – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.

По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола, Охрид е десетиот град домаќин на СИМ.

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!