Аргентина и Бразил испратија моќна порака пред СП - лесно победија без Меси и Нејмар (ВИДЕО)

Јужноамериканските велесили Аргентина и Бразил покажаа дека подготвени го дочекуваат претстојното СП 2026, откако забележаа нови победи во контролните натпревари.

Актуелниот светски шампион славеше против Хондурас (2-0) и тоа без својата најголема ѕвезда Лионел Меси, кој поради полесна повреда остана на клупата. Стрелци на головите беа Лаутаро Мартинез и Џовани Симеоне, а за „гаучосите“ ова беше шеста победа во низа.

Успешна вечер имаа и Бразилците, кои во Кливленд ја совладаа селекцијата на Египет (2-1). Во составот на „кариоките“ го немаше Нејмар, кој сè уште закрепнува од повреда, но неговото отсуство не се почувствува на теренот. За победата на Бразил се погрижија Бруно Гимараеш и Ендрик, кои ги урнаа „фараоните“ и потврдија дека јужноамериканскиот гигант има сериозни амбиции на претстојниот Мундијал.

Мундијалските возбудувања почнуваат на 11 јуни и тоа на стадиони во три држави – САД, Мексико и Канада.