Маркез триумфира на спринт-трката во Унгарија (ВИДЕО)

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез продолжи со доминацијата, па така оствари победа на спринт-трката во Унгарија.

Тоа беше негова трета победа по ред на патеката, откако минатата година славеше и на спринтот и на главната трка.

Маркез зад себе го остави Педро Акоста, додека третото место му припадна на Марко Бецеки.