Пикси бил избркан од кафуле во Белград!
Според информациите група навивачи на Црвена Звезда пред неколку дена го избркале Пикси од кафулето во сопственост на легендарниот голман Стеван Стојановиќ Дика.
Пикси дошол во посета кај својот голем пријател Дика и седнал во кафулето, по што се појавила група навивачи на Звезда. Тие веднаш му наредиле да го напушти објектот и просторот во комплексот на стадионот.
Стојановиќ се обидел да спречи инцидент, но навивачите му се извиниле што „интервенираат“ во неговото кафуле и не го промениле смениле ставот, а Пикси мирно го напуштил кафулето.
Српските медиуми потсетуваат и дека слична ситуација на Пикси му се случила и во 2012 година.