Мурињо загуби на суд за спор што го почна уште кога беше во Турција

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо побара отштета за претрпена психичка болка додека го водеше Фенербахче, но турскиот суд го отфрлија барањето.

Португалскиот стручњак побара отштета од приближно 35 илјади евра за душевна болка. Проблем беа изјавите и објавите што Галатасарај ги даде на социјалните мрежи пред и по натпреварот со Фенербахче, кој го водеше Мурињо.

По натпреварот, како што објавија турските медиуми, тренерот и Галатасарај ја наведоа својата намера да поведат судска постапка, што подоцна и го сторија.

Отфрлањето на барањето беше објавено синоќа во турските медиуми, кои исто така го наведоа образложението на судот дека тоа не е „неоправдан напад врз индивидуалните права“, туку „одговор на Галатасарај на контроверзност почната од самиот Мурињо“.