Успешно деби на Мрме: Таџикистан ја преслуша Индија! (ВИДЕО)

Поранешниот предводник на македонската репрезентација Игор Ангеловски имаше фантастично деби на селекторската функција во националниот тим на Таџикистан.

На домашен терен, во Хисар, таџикистанската репрезентација ја победи Индија со 3-1 во пријателски натпревар, на задоволство на тамошните љубители на фудбалот. Резултатот беше отворен веќе во деветтата минута, преку Бобоев кој беше прецизен од пенал, додека останатите два гола „паднаа“ кон средината на вториот дел.

 

 

Каримов зголеми на 2-0 во 62., а Панџшанбе шест минути стави точка на сите дилеми околу победникот. Индија во самиот финиш го ублажи поразот, но тоа не го помати задоволството кај македонскиот стручњак.

Ангеловски ја презеде репрезентацијата на Таџикистан пред нешто повеќе од еден месец, а денеска го имаше првиот натпревар како селектор. За четири дена Таџикистан и Индија ќе одиграат уште еден меѓусебен дуел, на истиот стадион.