Слот отпадна од конкуренција, Милан има нов фаворит за тренерската позиција
„Росонерите“ се уште се во неизвесност откако ги отпуштија тренерот Макс Алегри, спортскиот директор Игли Таре, извршниот директор Џорџо Фурлани и техничкиот директор Џефри Монкада со една одлука. Извесен период, трката беше меѓу поранешниот тактичар на Кристал Палас, Гласнер и Слот.
Сепак, во последните неколку часа стана очигледно дека Слот повеќе не е на списокот, туку е заменет од сегашниот селектор на САД, Покетино. Иако клубот имаше добар состанок со Гласнер оваа недела, кој наводно траел шест часа, тоа не беше сосема доволно за да ги убеди сопственикот Гери Кардинале и специјалниот советник Златан Ибрахимовиќ.
Италијанските медиуми сега објавуваат дека Покетино е на врвот на листата на желби иако се подготвува за Светското првенство каде САД се во улога на ко-домаќин. Одлуката може да се донесе дури следната недела, што дополнително ќе ги одложи подготовките за новата сезона.
„Газета дело Спорт“ објави дека „кампот“ на Покетино веќе се согласил на договор вреден пет милиони евра по сезона, па сега се работи за тоа со кој проект сопствениците сакаат да продолжат Многу работи зависат и од тоа кој ќе биде технички директор, бидејќи Ралф Рангник сè уште не е официјално назначен, со оглед на тоа што и тој се подготвува за Светското првенство со Австрија.