Ништо не е сигурно за Иран, фудбалерите уште ги чекаат амерканските визи
Мундијалот почнува за шест дена, а визите за иранските фудбалери и понатаму се чекаат.
„Во четврток разговарав со ФИФА за американските визи. Бевме замолени сите пасоши да ги предадеме во американската амбасада во Анкара“, изјави Мехди Таџ, пренесувајќи дека репрезентацијата во моментов се наоѓа во Турција.
Тој очекува сите пасоши се предадени и додаде дека се очекува разврска во текот на денешниот или најдоцна утрешниот ден.
Репрезентацијата на Иран треба да отпатува од Турција во Шпанија, а потоа да го продолжи подготвителниот камп во Мексико. За овие патувања се неопходни пасошите.
Мексико веќе оваа недела им одобри визи на Иранците.
Иран треба да го одигра првиот натпревар против Нов Зеланд на 15 јуни во Лос Анџелес, потоа да се соочи со Белгија на 21 јуни, исто така во Лос Анџелес, и со Египет на 27 јуни во Сиетл.