Роналдо и Меси го предводат тимот од највозрасни фудбалери на Мундијалот (ФОТО)

Светското првенство почнува на 11 јуни со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка, а сега е направен и тим од највозрасните фудбалери кои ќе настапат. 

Во нападот две места секако се резервирани за двајцата според многумина најдобри во историјата, Кристијано Роналдо кој има 39 години и Лионел Меси со 38, друштво им прави Един Џеко од БиХ кој е една година постар од Португалецот.  

Покрај Роналдо и Меси, во тимот би се нашол и уште еден освојувач на „Златната топка“, 40-годишниот Лука Модриќ, а со него во средината се: 36-годишниот Сенегалец Идриса Гана Геј и 37-годишниот белгиски репрезентативец Аксел Витсел.

Последната линија во одбраната би ја сочинувале Јапонецот Јуто Нагатомо (39), Аргентинецот Николас Отаменди (38),  Мајкл Боксал од Нов Зеланд (37) и Американецот Тим Рим (38).

Иако на турнирот ќе настапат и голмански легенди како Германецот Мануел Нојер и Мексиканецот Гиљермо Очоа, тие сепак се три години помлади од шкотскиот ветеран Крег Гордон, кој на 43 години и 162 дена ќе биде најстариот учесник на турнирот и затоа би го зазел местото меѓу стативите.