Партизан го реши тренерското прашање, може да оди на следниот чекор!

Екипата на Партизан го решила тренерското прашање до 2028 година, откако според последните информации од српските медиуми, Жоан Пењароја ставил потпис на нова соработка.

Шпанскиот стручњак пристигна на клупата на „црно-белите“ по заминувањето на Жељко Обрадовиќ, а првично имаше договор до крајот на следната сезона.

Сепак, Пењароја успеал да ги убеди челниците на клубот да му ја продолжат соработката, особено по добрите натпревари во финишот на Евролигата, 

Следниот чекор е заедно со спортскиот сектор на Партизан да го оформи тимот според неговите замисли за наредната сезона.

Фото: KK Partizan