Уште една катастрофа на Србија – прими „петарда“ од Мексико (ВИДЕО)
Еден од домаќините на претстојното Светско првенство, Мексико славеше со убедливи 5-1. Ова е втор дебакл на српската репрезентација последната недела, откако пред пет дена загуби од Зеленортски Острови со 0-3.
Иако Србија поведе во 19. минута со голот на Петр Станиќ, домаќините го свртеа резултатот до крајот на полувремето. Прво, Јохан Васкез го израмни резултатот на 1-1 во 34. минута, а во судиското продолжение од првото полувреме, Стефан Бокинац му донесе водство на Мексико со автогол. Во вториот дел, Мексиканците ја потврдија победата. Раул Хименез зголеми на 3-1 во 57. минута, по што следеше уште еден автогол на српската репрезентација. Со несмасна реакција, Адем Авдиќ ја затресе својата мрежа во 72. минута за 4-1, а конечниот резултат го постави Луис Чавез во самиот финиш.
Иако не е оправдување, треба да се напомене дека Србија, како и на претходниот натпревар, играше со значително ослабен состав. Најголемите ѕвезди не беа на списокот на тренерот Вељко Пауновиќ, па тимот беше составен главно од играчи од домашната лига и оние со малку или без никакво меѓународно искуство.