ФИФА за овој Мундијал го забрани заштитниот знак на навивчаите од СП 2010

Меѓународната фудбалска федерација донесе одлука да ги забрани вувузелите на стадионите за време на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Долгите пластични труби, кои станаа заштитен знак на фудбалските натпревари во Јужна Африка и предизвикаа поделени реакции на Мундијалот во 2010 година, нема да бидат дозволени на натпреварите од светскиот шампионат.

Според Кодексот за однесување на стадионите на ФИФА, покрај вувузелите се забранети и свирчиња, труби и сите други уреди што создаваат прекумерна бучава. На листата на забранети предмети се наоѓаат и ласерски покажувачи, уреди што емитуваат ласерски зраци, како и слична опрема.

ФИФА воведе ограничувања и за внесување шишиња за вода за повеќекратна употреба, повикувајќи се на безбедносни причини. На навивачите кои нема да ги почитуваат правилата може да им биде одбиен влез на стадионите.

Светското првенство како што е познато почнува на 11 јуни и ќе се игра 19 јули во САД, Канада и Мексико.