Шпанија не го победи Ирак пред Мундијалот, голманот на Барселона не се прослави (ВИДЕО)
На дуелот одигран на стадионот „Риазор“ во Ла Коруња, селекторот на Шпанија настапи без неколку од најголемите ѕвезди, меѓу кои Ламин Јамал и Педри.
„Црвената фурија“ поведе во 16. минута преку Феран Торес, кој ја искористи асистенцијата од Дани Олмо и ја затресе противничката мрежа.
Сепак, Ирак брзо возврати и во 27. минута стигна до израмнување. Стрелец на голот беше Мерхас Доски, кој со прецизен удар од левата страна го совлада голманот на Барселона, Жоан Гарсија.
За Гарсија ова беше само втор настап во дресот на шпанската репрезентација, а голот на Доски беше непријатно изненадување за младиот чувар на мрежата.
🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨 الهدف التاريخيّ بالكامل!!!!!!
— عمرو (@bt3) June 4, 2026
هدف ميرخاس دوسكي لاعب العراق 🇮🇶 ضد إسبانيا 🇪🇸🤯
🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/uMZwMboSiu