Продолжува малерот за Партизан - никако да победи во Дубаи

Екипата на Дубаи поведе со 1-0 во финалето од АБА лигата откако вечерва го победи бранителот на титулата Партизан со 99-93.

За белградскиот тим ова беше петти меч во Дубаи во сите натпреварувања и се уште нема ниедна победа. Денеска доцна се разбуди, дури во последната минута се доближи на пет разлика откако претходно, безмалку цело второ полувреме беше во двоцифрена негатива, најмногу со 18 поени разлика.

Дубаи се коцкаше  во финишот, дозволи Партизан да дојде а 90-95, но Муса со две слободни фрлања и потоа Андерсон со забивање ставија точка на натпреварот.

Вториот натпревар од финалето се игра исто така во Дубаи, в сабота и Партизан на тој меч повторно ќе се обиде да го прекине проклетството.