Силва се премисли - нема да потпише за нов клуб пред СП 2026!

Португалскиот фудбалер Бернардо Силва реши да го напушти Манчестер сити, по што доби понуди од Јувентус, Атлетико Мадрид и Барселона, па се очекуваше наскоро да потпише договор со некој од нив.

Силва, сепак, се премисли и реши да го остави прашањето за неговата иднина по завршување на Светското првенство (СП), кое се игра од 11 јуни.

Менаџерот на Силва, Жорж Мендеш потврди дека иднината на фудбалерот ќе биде решена по Мундијалот.

„Ќе донесе одлука по Мундијалот“, кажа Мендеш.

Фото: Facebook/Manchester City