Андреева ја декласира противничката за 75 минути и обезбеди финале на Ролан Гарос

Младата руска тенисерка Мира Андреева ја елиминира Украинката Марта Костјук со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-3 со што се пласира во финале на Ролан Гарос.

Иако се очекуваше голема борба меѓу тенисерките, сепак полуфиналето не понуди поголеми возбудувања затоа што Андреева беше на друго ниво на теренот и го реши мечот за само 75 минути.

Андреева во финале ќе се бори против подобрата од мечот меѓу Диана Шнајдер и Маја Шалинска, кои играат од 16.30 часот.