Нов трансфер на повидок: Реал Мадрид тргна по потпис на трет дефанзивец!
Во пресрет на претседателските избори во „кралскиот клуб“, актуелната управа работи на ангажирање на нови засилувања, па наскоро планира да испрати понуда за италијанскиот дефанзивец Рикардо Калафиори од Арсенал.
Вредноста на дефанзивецот на Арсенал се зголеми на 50 милиони евра, откако стана еден од најважните членови на тимот на Микел Артета.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека „кралевите“ сериозно ја разгледуваат опцијата да го добијат неговиот потпис и наскоро ќе тргнат во акција.