Фудбалерите на Панама станаа предмет за потсмев пред СП! (ВИДЕО)
На видеото може да се види како играчите на Панама се сами пред голманот и не ја реализираат шансата. Иако се работи само за тренинг, видеото предизвика многу реакции.
Панама, која по вторпат настапува на Светско првенство по дебито во 2018 година, се натпреварува во групата Л заедно со Хрватска, Англија и Гана. Првиот натпревар ќе го одигра на 17 јуни против Гана во Торонто.
Во пријателските натпревари изминатата седмица Панама загуби со 6-2 од Бразил, а потоа ја совлада Доминиканската Република со 4-2.