Вардар доминира во младинските категории - Куп трофеј и за кадетите!
Натпреварот во регуларниот дел заврши 3-3. Вардарци двапати се враќаа од негатива, а во самиот финиш се изборија за реми по кое следуваа пенали.
Во пенал серијата вардарци беа поуспешни и дојдоа до пехарот од Купот на Македонија.
Ова беше само континуитет на она што започна вчера кога Куп трофеи освоија и пионерите и помладите пионери на Вардар.