Од анонимна тенисерка до милионерка на Ролан Гарос за само 12 дена
24-годишната тенисерка Маја Хвалинска се пласираше во полуфиналето на гренд слем турнирот во Париз, нејзината приказна на Ролан Гарос се уште трае, а таа изгледа филмска.
Хвалинска професионалната кариера ја започна уште во 2016 година како 14-годишна девојка. За десет години бавење со тенис, до почетокот на овогодинешниот Ролан Гарос, таа од турнирски награди вкупно заработила 743.600 евра.
Благодарение на неверојатната серија од пет победи на париската земјена подлога, таа за само 12 дена обезбеди награда од 750.000 евра, со што практично ја дуплираше својата десетгодишна заработка.
Доколку успее да ја прескокне и наредната пречка, наградата се искачува на неверојатни 1,4 милиони евра за финале, додека титулата би ѝ донела дури 2,8 милиони евра.
Колку е ова луд скок во нејзината кариера говори фактот дека нејзината рекордна заработка на еден турнир изнесувала само 29.260 евра, колку што заработила во април со освојувањето на турнирот во Португалија.
Парите не се единствената работа што ќе ѝ го промени животот на Маја. Пред Ролан Гарос заземаше 114. позиција, а на „во живо“ ВТА листата е проектирана на 30. место во светот. Овој скок од 84 позиции ѝ ги отвора вратите на сите големи турнири и ѝ носи статус на носител во иднина.