Познато е кога ќе стартува НБА Европа

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, потврди дека активностите за НБА Европа се одвиваат според планот и доколку не се јават непредвидени проблеми, таа ќе стартува наредната година.

НБА Европа на почетокот ќе биде составена од 12 клубови плус четири кои би се квалификувале од домашните европски лиги.

Прокетот е во изработка, се водат преговори и со Евролигата, но без разлика како тие ќе завршат, НБА Европа ќе почне.

„Очекувам НБА лигата во Европа да почне од сезоната 2027/28. Одиме по вистинскиот пат, соработуваме со ФИБА. Во тек се и разговорите со Евролигата. Се надевам дека работите ќе се одвиваат според планираното“, рече Адам Силвер.