Мурињо планира да избрка шест фудбалери од Реал Мадрид
Шпанските медиуми пишуваат дека Мурињо планира да избрка шест фудбалери по преземањето на „кралскиот клуб“, а веќе се појавија и нивните имиња.
Во плановите на Мурињо наводно не се Едуардо Камавинга, Родриго Гоес, Франко Мастантуоно, Фран Гарсија, Раул Асенсио и Дани Себаљос.
Мурињо сака големи промени во соблекувалната и смета дека на неговиот проект му е потребен изменет состав со цел да ги оствари своите цели.