„Чкембари“ бараат одговорност: Кој го креираше тимот што играше најлош фудбал во лигата?

Пелистер испадна од Првата македонска фудбалска лига, откако го загуби баражот против Шкендија Арачиново, а тоа предизвика револт кај навивачката група „Чкембари“ која побара одговорност за неуспехот.

„Чкембари“ упатија остри критики кон раководството на клубот и побараа одговорност за состојбата во која се наоѓа битолската гордост.

„По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги меѓу нас навивачите а и меѓу целиот град каде е кривицата за овај пораз не само на Пелистер туку и на цела Битола. И покрај јавните реакции, до последно дававме поддршка и верувавме дека ќе заврши колку толку позитивно оваа сезона. Но на сè иди крај! Наредниот период ЌЕ ИНСИСТИРАМЕ НА:

1. Иако знајме дека договорите ви се направени со дискретционо право, ИНСИСТИРАМЕ во јавноста да се објават со име и презиме, сумата која им била испаќана и улогата во клубот на сите оние кои не се фудбалери, односно кои имаат било каква функција освен фудбалер. Да се тргнат прашањата и обвинувањата во јавноста, да се завршат рекла-казала муабетите, одважете се и објавете ги јавно!!!

2. Да се понеси одговорност и јавно да се соопшти кој ги одобруваше оваа сезона трансферите на фудбалерите. Самата селекција е најодговорна за она шо беше ,,прикажано'' на терен. Кој го креираше тимот кој го играше најлошиот фудбал во цела лига? Која е улогата на гувернерот на Македонија Трајко Славевски во носењето на фудбалскиот анонимус Милан Стојановски?
Виновците за оваа катастрофа имаат име и презиме, овој пораз не е дојден сам од себе. ОДГОВОРНОСТ ОД СИТЕ ДО ЕДЕН ШО ГО ДОНЕСОВТЕ КЛУБОТ НА ОВА НИВО“, се вели во соопштението.