„Докторите на Синер сигурно нешто кријат“
Дури и фактот дека тројца „аѕури“ се во четвртфиналето на еден Гренд слем за првпат, не е доволен за да го одвлече вниманието од сензационалниот пораз на најдобриот тенисер во светот. Синер ги доби првите два сета во второто коло и водеше со 5-1 против Аргентинецот, Хуан Мануел Серундоло, 56. во светот, за потоа да изгуби 18 гема во следните 20 и да биде елиминиран.
„Не сакам да глумам доктор на растојание од 500 километри, но не разбирам како ова можеше да му се случи на 30 степени и само 25 проценти влажност. Тоа е сосема нормална температура, дури и аматерите и рекреативните играчи играат нормално на неа цело лето. На негово ниво, тоа не би требало да биде проблем“, прашува Роберто Бертолучи, поранешен 12. светски рекет..
Бертолучи го вперува прстот кон мистериозноста на играчот број еден во светот и неговиот тренерски штаб:
„Не сум доктор, но тој и лекарите околу него знаат за што се работи. Сите знаеме дека нешто се случува и дека човекот поминува низ тоа долго време. Бидејќи она што му се случи не е нормално“, додава Италијанецот.
Дали Бертолучи е во право или не - времето ќе покаже. Иако многумина веднаш ќе помислат дека она што се случи на „Шатрие“ има врска со тие допинг тестови од пред две години, тоа воопшто не мора да биде случај. Можеби Синер има некаков здравствен проблем што го крие, првенствено поради неговите спонзори. Тој не би бил првиот што се нашол во таква ситуација - дека поради договори со богати компании, некои проблеми се прикриваат со надеж дека еден ден ќе бидат решени.