Беретини и Оже-Алијасим се пласираа во четвртфинале на Ролан Гарос

Матео Беретини славеше со 3-0 во сетови против Хуан мануел Серундоло, додека Феликс Оже-Алијасим го нокаутира Алехандро Табило со 3-0 во сетови, па така овие тенисери се пласираа во четвртфинале на Ролан Гарос.

Италијанецот беше одличен во дуелот против Серундоло и го доби првиот сет со 6-3, по што во следните два славеше во тај-брејк со по 7-2 и 8-6.

Оже-Алијасим немаше посериозни проблеми против Табило, па така го реши ривалот за два часа и осум минути со 6-3, 7-5 и 6-1.