ФФМ доби пример од Косово како да ја казни Шкендија за одбивањето да ги прими куп-медалите!
Најтешката казна ја доби самиот клуб, кој е исфрлен од настап во куп-натпреварувањето во следните две години – една од најстрогите дисциплински мерки во косовскиот фудбал во последните години. Сериозни санкции добија и клупските функционери. Тренерот Арсим Абази е суспендиран на една година и во тој период нема да смее да извршува никаква функција во фудбалот, а идентична казна доби и директорот Генц Хисени.

Казни има и за играчите. Бетим Хаџимуса е суспендиран на осум официјални натпревари, додека Куштрим Шабани доби забрана за настап на четири меча. Со овие одлуки, косовската федерација испрати јасна порака дека ваквите потези и непочитување на официјалните церемонии нема да бидат толерирани. Истовремено, можеби и покажа како треба да се санкционираат прекршители од ваков тип, нешто што дефинитивно може да се очекува и во случајот со тетовска Шкендија.