„Чкембари“ се степаа меѓу себе во баражот со Шкендија Арачиново (ВИДЕО)

Во Кавадарци денеска се игра баражот помеѓу Пелистер и Шкендија Арачиново, а во почетните минути на овој дуел дојде до инцидент на трибината на битолските навивачи.

Неколкумина од групата на „Чкембари“ си разменија удари по вербалниот конфликт, а набрзо интервенираа останатите за да спречат поголем инцидент.