Aртета: Добро анализрав, вечерва лесно можеше да добиеме пенал (ВИДЕО)
Шпанскиот стратег го истакна и фактот што Арсенал играше финале во Лигата на шампионите по повеќе од две децении.
„Арсенал не беше во финале 22 години и мораме да ја цениме сезоната која ја одигравме. ПСЖ е извонреден тим и им честитам. Имаат индивидуален квалитет на играчи и одличен тренер. Горд сум на мојот тим, знам низ што сè поминаа. Привилегија е да ги водам овие играчи. Ја освоивме Премиер лигата, но не успеавме да стигнеме до најголемиот трофеј“, изјави Шпанецот.
За ситуацијата кога Нуно Мендеш го собори Мадуеке во шеснаесетникот вели дека лесно можело да добијат пенал.
„Лесно можеше да добиеме пенал во продолженијата. Ги гледав сите пенали во Лигата на шампионите оваа сезона кои беа досудени. Последните три дена внимателно анализирав што е пенал, а што не. Ова лесно можеше да биде пенал“, додаде Артета.
Ok voit tous Madueke accrocher le bras de Nuno mais y a penalty pic.twitter.com/XefUTWSpsP
— Halal Man (@MiilkyD) May 30, 2026