Одбојкарките загубија и на втората контролка со Косово

Македонската женска одбојкарска репрезентација загуби од Косово и на вториот пријателски натпревар со 3-1 (25-21, 20-25, 25-20, 25-18) во рамки од подготовките за Европската лига.

Слично како и во првиот натпревар, стручниот штаб комбинираше со составот и шанса добија сите одбојкарки во репрезентацијата.

За македонските одбојкарки ова беше и последната проверка во овој подготвителен период.