Мбапе е невиден малер за ЛШ, никогаш не е онаму каде што треба!

Пари Сен Жермен во Будимпешта го победи Арсенал и така вторпат во низа ја освои Лигата на шампионите, а по ова финале сигурно дека и Килијан Мбапе има за што да жали.

Мбапе во кариерата и понатаму чека на трофеј во Лигата на шампионите што е негова голема желба и токму затоа од Париз се пресели во Мадрид, но токму кога тој си замина, ПСЖ освои две титули во најелитното европско натпреварување.

Од друга страна со Реал, Мбапе не успеа да дојде до ниту еден поголем трофеј.

Посебно интересно е што Реал Мадрид во последните пет сезони има две титули во Лигата на шампионите, меѓутоа Мбапе тогаш уште не беше дојден во Мадрид, па така може да се заклучи дека секогаш е на погрешно место во погрешно време.

Двата клуба во последните пет сезони имаат по две титули од најелитното клупско натпреварување, а Мбапе иако играше и за двата клуба нема ниту еден.