Луис Енрике се израмни со Гвардиола и Зидан, пред него е само Анчелоти

Шпанскиот стручњак Луис Енрике вечерва го запиша своето име меѓу најдобрите тренери во историјата на Лигата на шампионите.

Тој го освои третиот трофеј во елитното натпреварување, второ со ПСЖ и се израмни со Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан кои исто така имаат по три титули. Покрај овие две со парискиот клуб, Луис Енрике има една титула со Барселона, освоена во 2015 година.

Повеќе од него во моментов има само Карло Анчелоти кој е убедлив лидер со пет трофеи од кои три со Реал Мадрид и два со Милан. Инаку, три титули има и Боб Пејсли, но во поранешниот Куп на европски шампиони.