Кожуф, Камјани и Еуромилк ќе играат во Втората лига!

Денеска беа одиграни три од четири бараж натпревари за место во Втората македонска фудбалска лига, при што триумфираа Кожуф, Камјани и Еуромилк.

Кожуф оствари победа од убедливи 4-0 против Борец и обезбеди место следната сезона во Втората лига.

Камјани успеа да ја надигра Победа Валандово (2-0), додека Еуромилк славеше со 2-1 против Каменица Саса.

Последниот меч од баражот се игра утре меѓу Тетекс и Влазними.

Фото: Facebook/ФК Кожуф / FC Kozuf