Дабл-дабл на Димитријевиќ за триумф на Баерн против Бон

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ му помогна на Баерн Минхен да триумфира со 83-78 против Бон во првиот натпревар од полуфиналето во германското првенство.

Бон беше подобар во првото полувреме, кое го доби со 34-30, а дополнително ја зголеми својата предност во третата четвртина (58-50). Сепак, Баерн се разбуди во последната четвртина и со одлична серија стигна до победата.

Димитријевиќ го заврши натпреварот со 10 поени, 14 скокови и две асистенции, додека најефикасен беше Џоел Ааду Амину од Бон со 23 поени и една асистенција.

Фото: Facebook/FC Bayern Basketball