Анчелоти даде урнебесен одговор на прашање за Нејмар

Селекторот на брзилската репрезентација, Карло Анчелоти, одговараше на прашање за повредата на Нејмар, Италијанецот даде одговори кој сите ги насмеа.

Бразилските новинари постојано бомбардираат со прашања за Нејмар, па дел од нив се многу нелогични.

„Ако бевте свесни дека повредата на Нејмар е од втор степен, дали ќе го повикавте за Светското првенство“, праша новинарот.

„Ако дедо ми имаше тркала, ќе беше автомобил“, одговори Анчелоти и ги насмеа сите во салата.

Ситуацијата со Нејмар е неизвесна, големи се шансите да не биде спремен и за првиот меч на Светското првенство, но Анчелоти ќе го води на Мундијалот, нема да повика негова замена.