Ливерпул го избрка Слот, а веќе се знае и неговиот наследник!

Поранешниот англиски шампион Ливерпул му даде отказ на тренерот Арне Слот по неуспешната сезона со гигантот, а веќе е познато и кој ќе биде негов наследник.

Навивачите веруваа дека Слот ќе биде тренер и следната сезона, но во меѓувреме двете страни решиле да ја прекинат соработката, по што новинарот Фабрицио Романо ја најави неговата замена.

Човекот кој направи вистинско чудо до Борнмут оваа сезона, Андони Ираола е фаворит да го преземе кормилото и се очекува наскоро да седне на „жешкото столче“.

Фото: Liverpool FC