Луда ноќ во Будимпешта -  се тепаа навивачите на ПСЖ и Арсенал (ВИДЕО)

Вечерва од 18 часот во Будимпешта се игра финалето од Лигата на шампионите, меѓу ПСЖ и Арсенал, а мечот за трофејот имаше бурна увертира.

Синоќа, низ улиците на унгарската престолнина се водеше вистинска војна меѓу навивачите на двата клуба. Според извештаите во тамошните медиуми, на повеќе локации имало тепачки на приврзаници и навивачки групи и досега има повеќе повредени и уапсени.

Утринава е мирно, но допрва се очекува кулминација на возбудувањата, додека навивачите на двата клуба се подготвуваат за главното.