Историја на „Ролан Гарос“: Тенисот ќе добие нов Гренд слем шампион

Откако вчера Новак Ѓоковиќ доживеа пораз од Жоао Фонсека, на „Ролан Гарос“ не остана ниеден поранешен освојувач на Гренд слем трофеј.

Ионака нивниот број не беше голем, Карлос Алкараз воопшто не допатува во Париз, Данил Медведев загуби во првото, а Јаник Синер во второто коло. Ова значи дека друштвото на Гренд слем победници годинава ќе добие нов член, а идната недела ќе се знае кој ќе биде тоа. Очигледно прв фаворит сега е Зверев, а тука се и Оже-Алијасим, Руд итн.

Последните девет Гренд слем трофеи ги освоија само двајца тенисери - Карлос Алкараз и Јаник Синер со тоа што Шпанецот дојде до пет, а Италијанецот до четири од нив.