ПСЖ брка подвиг кој во новата ера му успеал само на Реал

Вечерва од 18 часот во Будимпешта се игра финалето од овогодишното издание на Лигата на шампионите по што Европа ќе го добие својот нов владетел.

Титулата ја брани ПСЖ кој по ланскиот триумф против Интер со 5-0, сега ќе се сретне со Арсенал. За лондонскиот тим ова е можност за прва титула во елитното натпреварување. додека ПСЖ брка подвиг кој досега, откако тоа се вика Лига на шампиони, му успеал само на Реал.

„Кралскиот клуб“ е единствен што успеал да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако во неа триумфираше во 2016, 2017 и 2018 година. Ако се земе предвид и периодот пред да се смени името, кога се викаше Куп на европски шампиони, титули во низа освојувале само уште: Бенфика (1961 и 1962 година), Интер (1964 и 1965), Ајакс (1971, 1972 и 1973), Баерн (1974, 1975 и 1976), Ливерпил (1977 и 1978), Нотингем Форест (1979 и 1980) и Милан (1989 и 1990).