Гордон уште на претставувањето ги воодушеви навивачите, знаеше шпански и каталонски (ВИДЕО)

Англискиот репрезентативец Ентони Гордон и официјално е нов фудбалер на Барселона, а шпанскиот шампион за неговиот трансфер ќе плати сума од 80 милиони евра, со дополнителни бонуси.

Гордон во Њукасл пристигна пред три години од Евертон за 45 милиони евра и одигра 152 натпревари во кои постигна 39 голови и запиша 28 асистенции.

Уште при своето претставување во Барселона, англискиот фудбалер предизвика големо внимание кај каталонската и шпанската јавност. Тој им се обрати на присутните на шпански јазик, а подоцна, додека потпишуваше дресови за навивачите пред стадионот, кажа неколку реченици и на каталонски.

Posts from the soccer
community on Reddit

На прашањето од шпанските новинари како успеал да ги научи шпанскиот и каталонскиот јазик, Гордон откри дека тоа било дел од неговиот долгогодишен сон.

„Уште како дете во Ливерпул сонував еден ден да заиграм за Барселона. Токму тој сон ме мотивираше да почнам да учам шпански и каталонски. Дополнително, во Њукасл мојот физиотерапевт беше Шпанец и со него многу го усовршував јазикот. Кога Барселона стапи во контакт со мене, не размислував за ниту една друга понуда“, изјави Гордон.

За неговиот потпис сериозен интерес покажуваа уште Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, но англискиот репрезентативец ја избрал Барселона како остварување на својот детски сон.

Anthony Gordon not only speaks Spanish, he is now speaking in Catalan
by u/cocacolapepsifanta in soccer