Изгуби од Ѓоковиќ, па распука по него: Се жалеше, се истегнуваше... типичен Новак
Србинот повторно не беше на своето ниво, но тоа е и очекувано ако се знае дека од март одигра само еден меч и е далеку од вистинската форма. Полека фаќа ритам. Роаеј веројатно ги надмина своите очекувања против трикратниот шампион, освои еден сет, покажа одлична борба, спаси четири меч топки и впечаток е дека е многу подобар од својот рејтинг и дека може да се очекува повеќе од него во иднина.
По натпреварот, тој зборуваше за однесувањето на Ѓоковиќ во текот на мечот и иако евидентно беше полн со комплименти за славниот ривал, ја искористи можноста да упати провокации за Ѓоковиќ.
„Неколку пати се пожали на грбот, се истегна, што е типично за него. Го прави тоа за да види како реагира неговиот противник. Но, тоа не влијаеше врз мене. Се држев до мојот план, особено во третиот и четвртиот сет, бидејќи тој е неверојатен играч. Бидејќи дури и кога се жали на болка, тој трча брзо и освојува поени“, рече Роаје.
Во третото коло Ѓоковиќ ќе се сретне со бразилскиот тенисер Жоао Фонсека кој во пет сета беше подобар од Прижмиќ од Хрватска